Македонија е 5та во Европа!!! Кире Лазаров најдобар стрелец на Европските Првенства на сите времиња!!!
Македонската репрезентација ја совлада 28:27 Словенија и се пласираше на 5то место на Европското првенство ракомет во Србија. Кире Лазаров постигна осум голови и со вкупно 60 голови го постави новиот рекорд за најдобар стрелец во историјата на Европските првенства.
Со оваа победа ракометната репрезентација на Македонија го освои петтото место на Европското ракометно првенство во Србија, а со тоа избори и пласман на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Кире Лазаров со 8 голови, Стојанче Стоилов постигна 6, а Стевче Алушоски 4. На нашиот гол повторно одличен беше Борко Ристовски кој на овој натпревар одбрани 11 удари и клучниот удар во последните секунди.
Posted on 01/27/2012, in Ракомет. Bookmark the permalink. Напиши коментар.
Напиши коментар